­

(Видео) Чудо во Мадрид – По пауза од 17 години Валенсија победи на „Бернабеу“


Untitled-28.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Валенсија среде Мадрид го шокира Реал во 30.коло и веројатно ја забележа клучната победа во борбата за опстанок. „Лилјаците“ победија со 2:1, а голот за победа го постигна поранешниот играч на Реал, Уго Дуро во 95.минута. Овој пораз претставува тежок удар за шампионските амбиции на Реал.


Натпреварот на „Бернабеу“, покрај стрелецот Дуро, го обележаа апсолутниот херој на Валенсија, голманот Мамардшвили и трагичарот кај Реал, Вунисиус.

Грузиецот му одбрани пенал на Винисиус во 13.минута, а во текот на натпреварот имаше уште неколку брилијантни интервенции.

Винисиус не успеа да го реализира вториот пенал по ред, претходно не погоди и против Атлетико во Лигата на шампионите.

Откако Винисиус го промаши пеналот, казната Реал го стигна во 15.минута кога Дијакаби и донесе предност на Валенсија.

Винисиус се искупи за промашениот пенал во 50.минута кога го изедначи резултатот. Реал потоа нападна со сите сили, но Мамрдашвили не дозволи уште еднаш да биде совладан.

Наместо тоа Дуро го шокира „кралскиот клуб“ со што и ја донсе на Валенсија првата победа на „Бернабеу“ по пауза од 17 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK