Рајо Ваљекано има „два од два“, а исто и Столе Димитриевски. Македонскиот репрезентативен голман на втор натпревар по ред во Ла Лига ја сочува мрежата, а неговиот тим славеше на гости против Гранада со 0:2.
Алваро Гарсија во 75.минута го отвори резултатот во корист на гостите, а триумфот го потврди Сис.
Гранада во 86.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Пуертас.