(Видео) Бостон Селтикс ја освоија НБА титулата – Браун МВП

12307305.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарите на Бостон Селтикс во вторникот рано наутро по средноевропско време по 18-ти пат станаа шампиони во НБА. Избраниците на Џо Мазула го совладаа Далас Маверикс со 106:88 во својот „Ти-Ди Гарден“ и со победа од 4-1, до втората титула во овој век.

Интересно, поминаа точно 17 години откако зелените ја освоија 17-та титула. Франшозата од Масачусетс сега и официјално е најуспешната во историјата на НБА, бидејќи е на врвот на „листата на сите времиња“ по бројот на трофеи. Лос Анџелес Лејкерс е втор со 17 трофеи.

Петтиот натпревар како шампион и лидер го одигра Џејсон Тејтум, мечот го заврши со 31 поен (11/24 од поле, 8/8 пенали), 8 скока и 11 асистенции.

Сепак, МВП на финалната серија е неговиот долгогодишен соиграч Џејлен Браун. Во петтиот меч од серијата имаше 21 поен (7/23 од поле, 5/6 пенали), 8 скока и 6 асистенции.

Тоа беше доволно за да му припадне трофејот кој го носи името на легендарниот Бил Расел. Браун, сопственикот на најпрофитабилниот договор во историјата на кошарката (304 милиони долари за пет сезони), во финалната серија бележеше 20,8 поени, 5,4 скока и 5 асистенции по натпревар.

Кај новите шампиони на овој меч се истакнаа Џру Холидеј со 15 поени и 11 скока, Дерик Вајт со 14 поени и 8 скока и Ал Хорфорд со по 9 поени и скокови.

Во поразениот тим Лука Дончиќ се мачеше со 28 поени (12/25 од поле), 12 скока и 5 асистенции, со 7 загубени топки. Кајри Ирвинг, како и речиси во текот на целата финална серија, беше под своето ниво против поранешниот клуб. Ирвинг натпреварот го заврши со 15 поени (5/16 од поле) и 9 асистенции. Џош Грин со 14 поени беше трет најефикасен кај Тексас.

Кога станува збор за петтиот натпревар од серијата и последниот во 78-та сезона во историјата на НБА, немаше резултатска драма.

На полувремето домашните имаа 21 поен предност. Публиката беше во екстаза, а се чини дека најголеми овации доби Кристапс Порзингис, кој поради повреда ги пропушти третиот и четвртиот натпревар од серијата, но во петтиот се врати со ограничена минутажа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK