(Видео) Барса, Реал, Атлетико – сите гледаат во грбот на Џирона

Видео-Барса-Реал-Атлетико-–-сите-гледаат-во-грбот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа тимот на Лас Палмас во седмото коло од шпанската Примера, ја скокнаа Барселона на табелата, но не и најголемото изнанедување во Примера, екипата на Џирона.

Џирона, прв пат во клупската историја е лидер во најсилната шпанска конкуренција. Екипата од Каталонија во првите седум кола од можните 21, освои 19 бода. По ремито во првото коло, Џирона направи серија од шест победи, најдолга во клупската историја.

Џирона гостуваше кај Виљареал и со пресврт успеа да ги освои бодовите. Првиот дел заврши без голови. На стартот од второто полувреме, Виљареал доби пенал. Парехо погоди во 49.минута.

Џирона експресно одговори преку Украинецот Довбик во 56. и позајмениот играч на Барселона, Ерик Гарсија во 61.минута.

На „Сантијаго Бернабеу“, Реал со победата над Лас Палмас (2:0), се рехабилитраше од поразот од Атлетико.

Мадриѓаните од првата минута го диктираа темпото и создаваа шанси, имаа дури 18 удари кон голот на гостите во првото полувреме, но голманот Алваро Валес одлично бранеше.

И кога се чинеше дека полувремето ќе заврши без голови во третата минута од судиското надополнување, Лукас Васкез го проигра Брахим Дијаз, кој го најде патот до мрежата на Лас Палмас. Тоа е негов прв гол во вториот мандат во дресот на Реал Мадрид. Познато е дека во претходните три сезони успешно настапуваше во Милан.

На почетокот на вториот дел Хоселу по центаршутот на Родриго го постави конечниот резултат.

Во Билбао домашниот Атлетик двапати водеше, но Хетафе извлече бод – 2:2.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK