(Видео) Аталанта го прегази Ливерпул, Рома победи во Милано

12153627.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аталанта, Бенфика, Баер Леверкузен и Рома стекнаа предност по првите четвртфинални натпревари во Лига Европа.


Аталанта среде Ливерпул ги прегази „црвените“ со 3:0. Јирген Клоп мечот го започна со комбиниран состав и тоа скапо го плати.

Два гола постигна Џанлука Скамака, а последниот гол во 83.минута е дело на Марио Пашалиќ.

Италијанското дерби и припадна на Рома. Римјаните славеа во Милано со 1:0. Повторно херој на Рома е дефанзивецот Манчини. Минатиот викенд го реши градското дерби против Лацио, а вечерва во Милано го постигна единствениот гол во 17.минута.

Баер Леверкузен не знае за пораз оваа сезона. Играчите на Чаби Алонсо 83.минути го кршеа отпорот на Вест Хем. На крајот славеа со 2:0, со головите на Хофман во 83. и Бонифејс во 91.минута.

На „Луж“ во Лисабон, Бенфика го победи Олимпик Марсеј со 2:1. Имаа домаќините предност од два гола, преку рафа Силва во 16. и Ди Марија во 52.минута, но најдобриот стрелец во историјата на ова натпреварување, Обамејанг со голот во 67.минута ги задржа надежите на францускиот тим дека ќе може да дојде до полуфиналето.

Реваншите се на програмата наредниот четврток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK