Јужноамериканскиот темперамент дојде до израз на натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
„Гаучосите“ славеа со резултат 1:0 на Маракана, но тоа остана во сенка на хаосот во кој учествуваа гостинските навивачи и полицијата.
Поради ова мечот доцнеше половина час, а во меѓувреме се појавија и снимки од хаосот на трибините.
Пред да оди во соблекувалната, во целата приказна се вклучи и аргентинските репрезентативци, а потегот на Емилијано Мартинез, официјално најдобриот голман на светот, кој нападна бразилски полицаец, го обиколи светот.
Emi Martinez isn’t happy with how the police handled the situation pic.twitter.com/bxg8J80HZ2
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) November 22, 2023
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси даде свој коментар за случувањата на познатата Маракана.
„Ова беше тешко за нас. Видовме како ги тепаат луѓето со палки. На трибините имаше и семејства на фудбалерите. Се повлековме во соблекувалната затоа што сакавме да ја смириме ситуацијата. Не можевме ништо да направиме. Гледавме како удираат луѓе, како ги туркаат. Можеше да се случи трагедија. Играчите се прашуваат како им се семејствата“, изјави Меси и додаде:
„Повеќе сте фокусирани на луѓето отколку на играта. Во тој момент натпреварот и играта не беа важни“.
Аргентина, инаку, има 15 бода, додека Бразил има само седум бода од шест натпревари.
Brazilian police giving a baton to a Brazilian fan so he could attack Argentinians.
This is crazy. Disgrace. pic.twitter.com/01ppZmVdqt
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) November 22, 2023