Артуро Видал (36) на својот Твич канал зборуваше за Луис Суарез и Роберт Левандовски. Чилеанецот во кариерата имаше можност да биде им биде соиграч на двајцата. Со Суарес играше во Барселона, а со Левандовски во Баерн.
„Не знам дали некогаш ќе има подобар напаѓач од нив. Левандовски има неверојатен квалитет, но јас би го избрал Суарез. Тој ја има јужноамериканската палавост, тоа Роберт го нема“, рече Видал.
На залезот на кариерата Суарез настапува во бразилскиот клуб Гремио. Почна во уругвајската репрезентација, додека во Европа играше во Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид. Според „Трансфермаркт“, тој на 752 натпревари постигнал 460 гола и имал 255 асистенции. Со европските клубови освои 17 трофеи.
Левандовски е член на Барселона од минатото лето, претходно играше за Баерн, Борусија Дортмунд и полските клубови Знич Прушков и Лех. Вкупната статистика вели дека тој постигнал 544 голови и забележал 144 асистенции во 726 натпревари. Освоил вкупно 28 трофеи.