Чешкиот кошаркар Јан Весели го продолжи договорот со Барселона, потврди каталонскиот клуб. Чехот потпиша договор до 2026 година.
Во Барселона пристигна пред минатата година, а интересно е што тогаш потпиша тригодишен договор со Каталонците.
Весели има богата евролигашка кариера. Покрај Барса настапуваше и за Партизан и Фенербахче, а се испроба и во НБА лигата.
Со турскиот клуб беше шампион на Европа во 2017 година, а беше и МВП на најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.
Сезонава има просек од 12,9 поени и 4,5 скока по натпревар.
Барселона речиси обезбеди пласман во следната фаза од елитното натпреварување, таа е на второто место со скор 18-8.