Вернер побарал трансфер

Вернер-побарал-трансфер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Лајпциг, Тимо Вернер сака да го напушти германскиот клуб на почетокот на следната година, пренесуваат германските медиуми.


Вернер (27) кариерата ја започна во Штутгарт, а потоа играше за Лајпциг од 2016 до 2020 година. Две сезони беше во Челзи, а потоа се врати во Лајпциг во 2022 година.

Германските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Лајпциг би можел да го напшти клубот во јануарскиот преоден рок. Тој е незадоволен од својот статус во клубот, бидејќи сезонава стартуваше само на три натпревари.

Вернер оваа сезона одигра вкупно 12 натпревари и двапати се запиша во листата на стрелците.

Германските медиуми истакнуваат дека фудбалерот веќе ги известил клупските челници дека сака да го напушти Лајпциг во зимскиот преоден рок. Тој има договор со Лајпциг до 30 јуни 2026 година.

За германската репрезентација одигра 57 натпревари и постигна 24 гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK