Васкез го „изеде“ Кансело во Ел Класико – Де Бур: Сега разбирам зошто Гвардиола не го сака Кансело

2149570939.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал ја победи Барселона со 3:2 во 32.коло, во Примера и практично ја обезбеди титулата. На шест кола до крајот на сезоната, Реал има 11 бода повеќе од се уште актуелните шамнски шампиони.


Барселона два пати водеше на „Сантијаго Бернабеу“, но Реал во мечот два пати го врати херојот Лукас Васкез и трагичарот Жоао Кансело.

Овој натпревар уште еднаш ги покажа сите недостатоци што ги има Кансело во дефанзивата. Во 17.минута, Васкез лесно го издрибла, а потоа изнуди пенал од кој Винисиус изедначи на 1:1, в во 73.минута му дозволи на Васкез да му дојде од зад грб и да ја претвори асистенцијата на Винисиус во гол за 2:2.

Кансело имаше лошо издание и во вторникот, против ПСЖ, во Лигата на шампионите, кога без причина направи пенал над Усман Дембеле.

Жоао Кансело сезонава, во Барселона игра како позајмен играч од Манчестер сити. Пеп Гвардиола неколку пати кажа дека Кансело не му е потребен во тимот.

Гласни беа најавите дека Барселона сака да го откупи неговиот договор, но по вакви два натпревари против силни противници, извесно е дека Барселона нема да потрошат 40 или можеби и повеќе милиони евра на Португалецот.

„Сега разбирам зошто Гвардиола не го сака Кансело. Тој човек си игра свој фудбал. Во главата му се врти само што да прави со топката. По ѓаволите, ти си дефанзивец”, рече поранешниот холандски репрезентативец Франк Де Бур.

На овој коментар се надоврза и славниот Марко Ван Бастен.

„Лудо е што Кансело на 29 години се уште повторува вакви грешки во одбраната“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK