Варан незадоволен, заминува од Јунајтед?

Варан-незадоволен-заминува-од-Јунајтед.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рафаел Варан, светскиот првак со Франција во 2018 година, не е задоволен од улогата што ја има во Манчестер јунајтед. Голема е веројатноста тој во јануарскиот преоден рок да го напушти клубот.



Варан во Манчестер јунајтед дојде од Реал Мадрид, требаше да биде долгогодишен лидер на одбрамата, но повредите си го напраби своето. Оваа сезона е во втор план кај Ерик Тен Хаг.

Предност на стоперската позиција имаат Мегваер и Линделоф.

Не е задоволен од статусот што го има и најавил дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Покрај него од Манчестер речиси сигурно ќе си замине и Џејдон Санчо кој моментално не тренира со првиот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK