Холандскиот репрезентативец Џорџинио Вајналдум е најновата ѕвезда која дојде во Саудиска Арабија. Тој ќе биде дел од Ал-Етифак, тимот што го предводи Стивен Џерард.
Вајналдум потпиша тригодишен договор со новиот клуб.
Холанѓанецот беше фудбалер на ПСЖ, лани играше на позајмица во Рома, а претходно го носеше дресот на Ливерпул.
Ал-Етифак пред два дена официјално го раскина договорот со македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.