– Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави акциски планови за претстојните финалиња во клупските натпреварувања, откако беше обвинета за безбедносни пропусти во хаотичното финале лани во Лигата на шампиони.
Овој чекор доаѓа откако истражен тим во февруари објави извештај на 220 стrаници за хаосот што се случи пред и за време на ланското финале меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Париз, давајќи и рок на УЕФА до 8 мај да ги ажuрира плановите за организација на претстојните финалиња.
УЕФА соопшти дека формирала „група за контрола на инциденти на повисоко ниво“, дека ќе има зголемено сопствено обезбедување на стадионите и оти на навивачите ќе им издава само дигитални карти место во хартиена форма.
Финалните натпревари во Лигата на шампиони во машка и женска конкуренција, Лига Европа и Конференциската лига се на програмата во следните пет недели во Истанбул, Ајндховен, Будимпешта и Прага.