Томас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минехн. Клубот пред две недели му соопшти на тренерот дека ќе мора да го напушти Минхен.
Германските медиуми открија што се случувало во соблекувалната откако Тухел дознал дека нема да биде тука наредната сезона.
Со својот говор и Тухел ги изненадил сите.
„Нема повеќе расправии секоја недела, сите знаат што се случува. Сè уште можеме да постигнеме нешто, мораме нешто да освоиме“, се зборовите кои Тухел ги упати до својот тим, пренесува „Билд“.
И покрај тоа што заостана осум бода зад Баер Леверкузен, водечкиот тим во Бундеслигата, а во Лигата на шампионите ќе треба да надомести гол негатива против Лацио, намерата на Тухел била да ги котивира играчите.
„Сега сите можете да се покажете за новиот тренер“, рекол Тухел, свесен дека во Баерн, освен во стручниот штаб, подготвуваат чистка кога е во прашање ростерот на играчите.
Според последните информации најмалку седум играчи ќе го напуштат клубот во летниот преоден рок. Меѓу нив наводно е и капитенот Мануел Ноер.