Тухел останува во Баерн

oliver_kan_@35423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Германскиот стратег Томас Тухел и следната сезона ќе биде тренер на минхенски Баерн, потврди претседателот на баварскиот гигант Херберт Хајнер, по освојувањето на 11 последователна шампионска титула.

„Тухел апсолутно нè увери. Тој е еден од најдобрите тренери во Европа, го покажа тоа на разни нивоа“, објасни Хајнер, уверувајќи дека немало „какви и да е размислувања“ околу продолжување на соработката со Тухел, кој седна на клупата на Баерн на крајот од март.


Без функции во Баерн останаа спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и претседателот на Извршниот одбор Оливер Кан, а одлуката за нивното заминување била донесена во четвртокот по средбата меѓу Хајнер и почесниот претседател Ули Хенес.

Хајнер додаде дека на средниот состанок закажан за утре во надзорниот одбор на Баерн ќе се врати Карл – Хајнц Румениге, кој му го отстапи место на Кан во летото 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK