Тухел: Не сум само јас виновен, но некои работи не се за во јавност

tuhel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изјави дека не мисли дека тој е единствениот проблем во тимот, но дека чувствува одгворност и затоа на крајот од сезоната ја напушта клупата на Баварците.

 

По серијата од три последователни порази во Леверкузен (3:0), во Рим од Лацио (1:0) и во Бохум (3:2), Томас Тухел и челниците на Баерн во средата објавија дека ќе ја прекинат соработката, една година порано од првично планираниот датум.

Тухел, кој пред три години со Челзи ја освои Лигата на шампионите, кога среде сезоната го замени Френк Лампард, сега се обидува да ја релативизира вината и да префрли дел од вината врз клупските челници.

Откако си замина од Челзи имаше време да се подготви за престојот во Баерн, но очигледно Баерн и Челси не е исто. Извесно е дека Баерн по 11 сезони ќе остане без трофејот во Бундеслигата.

„Да беше виновен само еден човек, во овој случај тренерот, ќе имавте некој друг спроти вас на денешната прес-конференција. Мислам дека не сум единствениот проблем, но јас сум одговорен и преземам одговорност за оваа одлука. Раководните лица на клубот ја знаат мојата анализа, таа е многу самокритична. Тие го знаат тоа, но тоа дефинитивно не е анализа за јавноста“, изјави Тухел пред утрешното гостување кај Лајпциг.

Тој истакна дека не бил задоволен од играта и кога Баерн победувал, но истакна и дека сега е нова ситуација за него, стручниот штаб и тимот.

„Се е разјаснето и се надевам дека играме послободно. Барем за мене како тренер, во носењето одлуки. Но и тимот може да се чувствува послободен“, изјави Тухел.

Баерн се уште е активен на два фронта. Во Лигата на шампионите ќе треба да го поништат резултатот против Лацио на 5 март, додека во Бундеслигата заостануваат осум бода зад лидерот Леверкузен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK