Три медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на „Макпетрол“

Три-медали-од-„Гран-при-Кроација-за-каратистите-на-„Макпетрол.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали на меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ што од 19 до 21 јануари се одржува во Самобор. Хрватскиот град беше домаќин на 1.539 каратисти од 29 земји, односно 233 клубови.


Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21). На почетокот на турнирот тој се пласира во финалето и исто како минатата година освои сребрен медал. Божовиќ, во истата тежинска и возрасна категорија, (над 84 кг., постари јуниори), се закити со бронза. Мицовска се пласира на третата позиција во категоријата -61 кг. (У21).

– Задоволни сме од настапот на нашите каратисти. Направивме добра контрола и главна и завршна меѓународна проверка на спортската форма. Заминавме со вкупно пет каратисти, а освоивме три медали – еден сребрен и две бронзени. Учествувавме со спортисти кои ќе настапат на претстојното европско првенство што од 9 до 11 февруари ќе се одржи во Тбилиси, Грузија. Постигнатите резултати, односно освоените три медали, говорат дека нашиот клуб располага со квалитетни млади каратисти од кои може да очекува добар резултат од европското првенство – изјави тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Петар Заборски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK