Пеп Гвардиола го предводеше Манчестер сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот во последните седум години и четврта по ред. Набргу по прославата на титулата најави дека следната сезона ќе биде последна за него на клупата на Сити. Гвардиола на „Итихад“ пристигна во 2016 година од Баерн, со клубот освои 17 трофеи.
„Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со клубот и сега чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона, тоа е сигурно. Но во текот на сезоната ќе разговараме. Овде сум во клубот осум, девет години… Ќе видиме што ќе биде понатаму“, изјави Гвардиола минатата недела.
Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола има договор до летото 2025 година и дека речиси сигурно ќе си замине доколку наскоро не се договори со клубот околу продолжувањето на договорот. Според овие извори, челниците на англискиот шампион не мируваат и наводно веќе имаат подготвена замена.
Наследникот на Гвардиола, би можел да биде заменет со неговиот сонародник Мичел,кој сезонава направи чудо со Џирона. Како играч беше легенда на Рајо Ваљекано, а тренер е од 2017 година.
Пред три сезони дојде во Џирона и таму забележа историски успеси. Веќе во првата сезона го врати клубот во Примера. Врвот на неговата работа беше оваа сезона во која Џирона заврши на третото место зад Барселона и Реал и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.