Елиф Елмас од следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот великан, Јувентус. Ова го тврди, експертот за трансфери, новинарот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио. Според новинарот, Лучано Спалети, побарал од клупските ченици да му го донесат Елмас, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Наполи.
Лучано Спалети, добро ги знае квалитетите на Елмас. Соработуваа заедно во Наполи во шампионската сезона 2022/23, кога македонскиот репрезентативец беше трет најдобар стрелец во тимот.
Тренерот на Јувентус го сака Елмас во својот тим, поради неговата универзалонст, односно дека може да игра да повеќе позиции.
Сега останува да се види дали Јувентус ќе го послуша тренерот и ќе започне преговори со Лајпциг. Елмас во 2024 година од Наполи замина во Лајпциг за сума од 24 милиони евра.
Foto/ Depositphotos