Тото Волф: Макс во мерцедес? Тешко, навистина тешко…

sfihV5dFVNkxtnseaJJxWR.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, по првата трка во новата сезона, Големата награда на Бахреин, повторно проговори за потенцијалниот наследник на Луис Хамилтон, кој следната година оди во Ферари.


Австриецот призна дека моментално нема решение на повидок, иако лицитира со многу имиња.

„Не брзаме. Внимателно ќе ја набљудуваме состојбата на пазарот. Сега не е ситуацијата, како кога го земавме Луис кога требаше брзо да реагираме. Има време“, изјави Волф.

Запрашан дали размислуваат за Макс Ферстапен, трикратниот светски шампион со Ред Бул, Волф рече.

„Макс во Мерцедес? Секако дека би го сакал тоа, но мислам дека шампионите ги бараат најбрзите болиди. А тоа моментално го има во Ред Бул. Така што е тешко, навистина тешко да се направи тоа“, изјави Волф.

Следната трка Големата награда на Саудиска Арабија е закажана за сабота во 18 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK