Францускиот фудбалер Танги Ндомбеле и Тотенхем спогодбено го раскинаа договорот, соопшти денеска клубот од Лондон.
Ндомбеле пристигна во Тотенхем во 2019 година од Лион за 65 милиони евра. Неговиот договор истекува во јуни 2025 година, но играчот сега ќе може слободно да избере нов клуб.
Францускиот играч за врска одигра 91 натпревар за Тотенхем и постигна 10 голови.
Како позајмен играч од Тотенхем настапуваше за Лион, Наполи и Галатасарај.