Инвазија на Албанци во Дортмунд – 50.000 ќе бидат во градот за мечот со Италија

фг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Се ближи првиот натпревар на Албанија на Европското првенство, кој оваа селекција в сабота од 21:00 часот во Дортмунд го игра против Италија.

За тој меч во најмала рака има огромен интерес кај албанските навивачи, од кои само во Германија има доволно за да го нападнат стадионот на Борусија.

Сепак, нема да можат сите да влезат, но и оние кои немаат билети ќе бидат присутни во градот на денот на натпреварот. И на тој начин сакаат да го поддржат својот тим.

Италијанските медиуми имаат информации дека тој ден во Дортмунд ќе се соберат 50.000 Албанци за да и дадат „ветер во грб“ на селекцијата на Бразилецот Силвињо.

За албанската инвазија на Дортмунд и стадионот ден претходно зборуваше легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој процени дека 80% од стадионот ќе биде исполнет со навивачи на албанската репрезентација.

Стадионот на Борусија вообичаено собира 82.000 луѓе, но од безбедносни причини УЕФА ја намали таа бројка за 20.000 бидејќи беа поставени места на трибината која традиционално им припаѓа на најжестоките навивачи на Борусија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK