Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони летово ќе го напушти клубот, потврди менаџерот Томас Френк.
„Очигледно е дека ќесе разделиме. Неговиот договор истекува во јуни 2025 година и најверојатно ќе биде продаден на лето. Имавме многу понуди за него оваа зима и би бил изненаден доколку не добиеме уште повеќе во јули. Мислам дека во моментов во светот нема многу играчи кои се подобри од него“, рече Френк.
Тони има 27 години, во Брентфорд игра од 2020 година, досега собра 113 натпревари и постигна 65 голови.
Тој забележа и еден настап за репрезентацијата на Англија.
Тони е контроверзна личност, неодамна одлежа осуммесечна суспензија поради обложување на натпревари на кои и самиот играл.
Минатото лето се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран за неговите услуги, па останува да се види дали тој ќе остане во Лондон или ќе се пресели на друга дестинација.