Томијасу потпиша нов договор со Арсенал

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонскиот репрезентативец Такехиро Томијасу потпиша нов повеќегодишен договор со Арсенал, соопшти денеска клубот.


Арсенал не ги соопшти деталите од договорот, но британските медиуми пренесуваат дека Томијасу ја продолжил соработката со „Топџиите“ до јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона. Претходниот договор му истекуваше во јуни 2025 година.

„Многу сме возбудени што Томијасу ќе биде со нас уште многу години. Има врвни квалитети и на теренот и надвор од него. Томијасу е врвен професионалец. Одлично е што ќе игра важна улога во нашиот тим во наредните години“, изјави спортскиот директор на Арсенал Еду.

Томијасу (25) во Арсенал пристигна во 2021 година од Болоња, а пред италијанскиот клуб настапуваше за Сент Труден и Ависпа Фукуока. Јапонецот оваа сезона одигра 20 натпревари за Арсенал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK