Повремениот македонски репрезентативец Тодор Тодороски кариерата ќе ја продолжи во Унгарија. Тодорски договори соработка со Залаегерсег. Претходно, во овој клуб настапуваа и Никола Серафимов и Даниел Миловановиќ.
Тодороски ги мина лекарските прегледи и потпиша договор, по што беше и претставен како ново засилување. Во Залаегерсег соиграч ќе му биде сонародникот Даниел Миловановиќ.
Тодороски освен во Македонија има настапувано во Хрватска, Србија, Словачка и Азербејџан.