Тинејџерката Андреева ја декласира Жабур, испадна и Вознијацки

Тинејџерката-Андреева-ја-декласира-Жабур-испадна-и-Вознијацки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руската тенисерка Мира Андреева ја забележа најголемата победа во досегашната кариера. Во второто коло на Австралија опен таа ја декласира шестата носителка Онс Жабур со 6:0, 6:2.

Андрејева има 16 години, лани го најави големиот потенцијал, а со оваа победа обезбеди скок на 34. место во светот.За првата топ 10 победа и беа потребни само 55 минути.

Во третото коло ја очекува најдобрата од пресметката меѓу Камила Рахимова и Дајан Пари.

Турнирот заврши и за шампионката од 2018 година Каролина Вознијацки. Подобра од неа беше Русинката Марија Тимофеева со 1:6, 6:4, 6:1.

Данката тргна брилијантно, а во вториот сет водеше со 2:0, имаше брејк за 3:0, но 20-годишната Тимофеева успеа да направи пресврт и за прв пат во кариерата се пласираше за третото коло на еден грен слем.

Во третиот сет Каролина водеше со 1:0 и 40-15, но нејзината игра се распадна од тој момени до крајот не освои ниту еден гем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK