Здружението на женски професионални тенисерки (ВТА) донесе одлука турнирот од Сан Хозе, кој во 1971 година го втемели Били Џин Кинг, од оваа година да се пресели во Вашингтон.
Турнирот е од категоријата 500 и е на програмата од 29 јули до 6 август, паралелно со машкиот АТП турнир од серијата 500.
Со ова Вашингтон ќе стане прв град кој истовремено ќе биде домаќин на машки и женски турнир од оваа серија.
Досега тенисерите и тенисерките истовремено играа во исти градови само на грен – слем и на турнирите од серијата „мастерс 1000“.