Финале во двојки за Ѓорческа во Лиепаја

Lina Gjorcevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на двојки заедно со Чагла Бујукакчај од Турција на фјучерсот во летонскиот град Лиепаја што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонско-турската комбинација денеска во полуфиналето ги победија третите носителки Џеси Ејнеј од САД и Елена Малигина од Естонија со 2-1 во сетови.


Ова за Ѓорческа ќе биде второ финале во дубл откако победи со Словенката Вероника Ерјавец на турнирот во Сплит.

Утре во финалето ќе играат против домашните тенисерки Дарја Семенистаја и Даниела Вајсман, кои со 2-0 во сетови ги победија вторите носителки Вивиан Хеисен од Германија и Валерија Страхова од Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK