Алкараз по вторпат се пласираше во полуфинале на Грен слем и ќе игра со Ѓоковиќ

alkaraz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот светски рекет Карлос Алкараз синоќа го совлада Стефанос Циципас во четвртфиналето на Ролан Гарос – 6:2, 6:1, 7:6 (5).

Дваесетгодишниот Шпанец по втор пат се пласираше во полуфиналето на еден Грен слем турнир. Првиот беше на УС Опен-2022, каде што на крајот ја освои титулата.


Алкараз во меѓусебните дуели со Циципас сега води 5:0, а генерално со тенисери од топ 10 има биланс 17:9.

Во полуфиналето на Грен слемот во Париз, противник на Алкараз ќе му биде Србинот Новак Ѓоковиќ, кого го совлада на единствената нивната досегашна средба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK