– Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег е задоволен од победата, но не е импресиониран од играта на неговите избраници на синоќешниот дуел со Вулверхемптон.
Манчестер јунајтед победи со 1:0 во првото коло на Премиер лигата со голот на Рафаел Варан во 76. минута.
– Среќни сме со победата, но можеме да играме подобро. Противникот играше активно, а ние моравме да се адаптираме. Во Премиер лигата нема лесни натпревари, секако не против Вулверхемптон. Ова е тежок противник, а ние работевме многу напорно. Мора да се бориме на секој натпревар. Нашиот голман Онана имаше многу добри одбрани, даде сигурност на тимот. Негово многу добро деби, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.
Во следното коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед на 19 август ќе игра на гости со Тотенхем. Истиот ден Вулверхемптон ќе му гостува на Брајтон.