Тејтум мисли дека е најдобриот играч во НБА

Тејтум-мисли-дека-е-најдобриот-играч-во-НБА.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џејсон Тејтум игра уште една одлична сезона во дресот на Бостон Селтикс, беше избран во Ол-стар тимот на Источната конференција, сезонава има просек од 27,1 поен (47,5% шут од поле), 8,6 скока, 4,8 асистенции.


25-годишниокот од Мисури, во разговор со Малика Ендрјус откри кој е најдобриот играч играч во НБА лигата.

„Кој е најдобриот играч во НБА? Јас“, изјави Џејсон Тејтум.

Една година претходно му беше поставено истото прашање, а одговорот беше, Јанис Адетокумбо.

„Многу ги почитувам сите играчи во лигата. Тука е Јанис, се разбира и Јокиќ, ја освои титулата. Ембиид, беше МВП. Лигата е во добри раце. Навистина верувам дека секогаш кога ќе стапнам на теренот, дека јас сум најдобриот играч“, рече петкратниот Ол-стар и трет пик на драфтот во 2017 година.

Тимот на Џо Мазула моментално го има најдобриот скор во НБА со 43-12 и ќе се обид повторно да дојде до големото финале. Селтикс се бореа за трофејот Лери О’Брајан во 2022 година, ја загубија со 4:2 серијата против Голден стејт Вориорс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK