Таке Кубо: Академијата на Барса е пекол, ме тепаа со тупаници

Таке-Кубо-Академијата-на-Барса-е-пекол-ме-тепаа-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерот на Реал Сосиедад, Јапонецот Такефуса Кубо неодамна имаше брилијантен настап на „Сантијаго Бернабеу“ и му покажа на Реал, но и на Барселона дека премногу лесно се откажаа од него.

Кубо на првите четири натпревари од новата сезона постигна три гола и забележа една асистенција, а пред две недели блескаше и на гостувањето кај Реал Мадрид.

Сигурно е дека имаше посебна мотивација, а тоа најдобро го почувствува Тони Крос, на кого му ја протна топката меѓу нозете.

Реал го купи пред четири години, но тој одеше од позајмица во позајмица додека не се се реши да остане во Сан Себастија. Реал Сосиедад за неговиот трансфер плати 6,5 милиони евра. Според „Трансфермаркт“, Кубо вреди четири пати повеќе од оваа сума. Десното крило на Сосиедад на 135 натпревари во Примера постигна 19 голови и забележа 15 асистенции.

Кубо во Шпанија пристигна на 10. годишна возраст. Стана член на славната школа на Барселона Ла Масија. Вели дека периодот од три и пол години поминат таму бил пекол за него.

„Кога имав десет години, и откако успешно ја поминав пробата, Барселона ме повика во Ла Масија. Бев луд од среќа, тоа беше мојот сон. Дури подоцна сфатив дека таму доживеав некои работи кои може да се опишат како „тука сум по секоја цена“. И платив висока цена. Бев најнизок во кампот, во студентски дом каде имаше многу момчиња. И многу од нив беа со посилен карактер од мене. Од самиот почеток ме гледаа со презир и се плашев дека ќе пропаднам“, изјави Кубо во интервју за неговиот познат сонародник Шунсуке Накамура.

„Се трудев максимално да избегнам злоупотреба, но не можев затоа што бев мал. Поголемите момчиња ме тепаа со тупаници. Не сакам повеќе да зборувам за тоа. Беше ужасно во Ла Масија. Сакам само да им порачам на сите дека ќе успеат ако се трудат“, заклучи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK