Таеквондистот Георгиевски освои сребро на Европските игри

georgievski_@3434322
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска, откако вечерва во финалето во категоријата над 87 килограми загуби од Британецот Кејдон Луис Канингам со 2-0.

Георгиевски, кој е првиот македонски спортист со одличје на Европските игри 2023, на патот до финалето ги совлада Матиа Молин од Италија со 2-0 во првото коло, по што во четвртфиналето беше поуспешен од Украинецот Андри Харвар со 2-1. Најуспешниот македонски таеквондист и носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во полуфиналето со 2-1 триумфираше над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.


Околу 7.000 спортисти, вклучувајќи и 17 македонски, од вкупно 48 европски земји учествуваат на Европските игри што од 22 јуни до 2 јули се одржуваат во Краков и уште 12 други полски градови. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK