Светскиот јуниорски рекордер суспендиран на четири години поради допинг

64c4236aac9f3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетичарот од Суринам, Исам Асинга (19) е суспендиран на четири години поради допинг, објави Одделението за интегритет во атлетиката (АИУ).


 

Покрај суспензијата, на Асинга му беа одземени и двата златни медали што ги освои на првенството на Јужна Америка на 100 и 200 метри. Избришан е и неговиот светски јуниорски рекорд на 100 метри од 9,89, кој го истрча на првенството во Сао Паоло минатата година.

Асинга беше привремено суспендиран во август минатата година, откако беше позитивен на тестот за забранети метаболити, еден месец откако го постави светскиот рекорд во јуниорска конкуренција.

„Избришани се сите резултати на Асинга од 18 јули 2023 година и ќе мора да ги врати сите титули и награди“, објави АИУ.

Атлетичарот се бранел дека бил позитивен бидејќи јадел заразени колачи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK