Судијците „удрија“ по Манчини, тој и се извини на јавноста

Судијците-„удрија-по-Манчини-тој-и-се-извини-на-јавноста.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавноста во Саудиска Арабија жестокот удри по селекторот на фудбалската репрезентација, Италијанецот Роберто Манчини, поради непримерниот гест на вчерашниот осминафинален натпревар против Јужна Кореа во Купот на Азија.


Имено, пред крајот на пенал серијата Манчини замина во соблекувалната. Неговиот потег предизвика гнев кај саудиската јавност, која смета дека е неприфатливо тоа да го направи селекторот.

Во осминафиналето на азиското првенство, Саудиска Арабија загуби од Јужна Кореја со 2:4 по изведувањето пенали. Натпреварот заврши 1:1 откако Кореја израмни во деветтата минута од судиското надополнување.

Јунак на мечот беше корејскиот голман Хјеон-ву Џо, кој ги одбрани ударите на Сами ал Неџеи и Абдулрахман Гареб во втората и третата серија, додека сите репрезентативци на Јужна Кореа беа прецизни.

Откако Гареб не успеа да го совлада голманот на Јужна Кореа, Манчини стана од своето место и се упати кон соблекувалната и покрај тоа што постоеја теоретски шанси пенал-серијата да продолжи.

„Се извинувам за овој мој гест, мислев дека пенал серијата заврши“, изјави Манчини.

„Многу сум тажен откако примивме гол во последната минута и загубивме на пенали. Не разбирам зошто беа додадени 10 минути продолжение. Како тим јасно е дека треба да се подобриме на ова ниво, имаме многу работа“, додаде Манчини, кој го презеде саудискиот тим во август минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK