Станковиќ: Дербиот на Милано е како театар, а Рим… Ако изгубиш, подобро да не излегуваш од дома

Станковиќ-Дербиот-на-Милано-е-како-театар-а-Рим…-Ако.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Ференцварош, Дејан Станковиќ, во опширно интервју за унгарските медиуми зборува за Црвена звезда, најуспешната сезона во историјата на Интер, Мурињо, Ибрахимовиќ, Балотели…


Дејан Станковиќ во кариерата играше за Црвена звезда, Лацио, Интер. Тренерската кариера ја започна во Звезда со која три пати беше шампион на Србија, потоа се пресели во Сампдорија, но не успеа да го спаси клубот од преселба во Серија Б. Од пред неколку месеци тој седна на клупата на Ференцварош.

Станковиќ во кариерата имал можност да игра во три градски пресметки, откри како тие се доживуваат во Белград, Рим и Милано.

„Дербито во Белград е лична работа за мене. Ако загубиш, мораш да го свариш поразот и како навивач и како играч. Или дури и како тренер и навивач, што ми се случи подоцна. Во такви ситуации, човек страда двојно. Дербито помеѓу Лацио и Рома претставува битка на дијаметрално спротивставени животни стилови и ставови. Во Белград луѓето се исти, само боите се различни. Во главниот град на Италија ситуацијата е поинаква. Атмосферата во Рим секогаш беше неверојатно жешка на сите натпревари. Можете да излезете две недели пред и две недели по дербито и навивачите да бараат да се сликаат, да слават со вас… Но, во случај на пораз, подобро е да не излезете од дома. А миланското дерби е како да си во миланската Скала, како да си во театар. Еден вид урбан спектакл со 82.000 фанови. Од нив, 70.000 навивачи навиваат за еден тим, 10.000 за друг. Тоа е дерби кое зборува за престиж, тоа е локална атракција во која сите уживаат. Победа или пораз, светот нема да се распадне. Поентата е дека едната страна утредента може да каже дека денеска е убав ден, бидејќи го победивме градскиот ривал“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK