Српскиот репрезентативец поради допинг ги пропушта ОИ 2024

urossss.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пливачкиот репрезентативец Урош Николиќ е суспендиран на една година поради користење недозволени супстанци.


Тоа значи дека Николиќ ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз, што значи дека српската селекција ќе има 111 претставници во француската престолнина.

 

Урош Николиќ, како член на српската штафета 4 х 100 слободно, беше позитивен на допинг тест за време на Светското првенство во Доха во февруари годинава.

 

Тогаш во неговото тело било утврдено присуство на псеудоефедрин. Урош користел лек против алергија во кој имало одредена доза на недозволена супстанција.

Николиќ веднаш поднела жалба и Светската антидопинг агенција (ВАДА) прифатила да го направи таканаречениот „ретроактивен тест“, односно српскиот претставник ја доставил целата документација со која се потврдува дека лекот го користел за клиничко лекување.

Пред неколку дена се одржа судска расправа, а потоа жалбата беше отфрлена, и Николиќ беше суспендиран на една година.

Тој нема да може да плива се до 3 јули 2025 година. Ова на својата веб-страница го потврди и Антидопинг агенцијата на Србија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK