Спринтот во Ле Ман за Мартин, Бањаја без пласман, Маркез втор

85WGuT.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше втора година по ред на спринт трката за Големата награда на Франција, петта трка сезонава во Мото ГП шампионатот.


Шпанецот беше доминантен во Ле Ман, а во спринтот само продолжи во истиот ритам во кој е практично од почетокот на тркачкиот викенд.

Мартин го забележа третиот триумф сезонава во спринт трките. Во целта влезе со предност од две секунд пред Марк Маркез, кој по лошите квалификации и одличниот старт стигна до втората позиција. На третото скалило на подиумот беше Маверик Вињалес на Априлија, и двајцата имаа корист од излетувањето на возачот на ВР46 тимот, Марко Бецеки.

Актуелниот шампион Франческо Бањаја се повлече во третиот круг поради дефект, кој следеше по лошиот старт, кога падна на 15-та позиција.

Зад најдобрите тројца се пласираа: Енеа Бастианини на Дукати, Алеиш Еспаргаро (Априлија), Педро Акоста од ГасГас, седми беше вториот возач на тимот VВР46, Фабио ди Џанантонио, пред Џек Милер од КТМ Рејсинг, додека последниот поен му припадна на Раул Фернандез ги брани боите на Трекхаус. Миленикот на домашната публика Фабио Квартаро беше 10-ти, како прв надвор од поени.

По ваквиот исход, Мартин има 28 бода предност пред Енеа Бастианини во генералниот поредок, додека Бањаја има бор помалку од тимскиот колега.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK