„Лука Модриќ ги живее последните месеци како играч на играч на Реал Мадрид“, тврди каталонски „Спорт“. Според овој извор, Модриќ речиси сигурно ќе го напушти Реал на крајот на сезоната, кога ќе му истече договорот. Пред половина година Модриќ одби стотици милиони евра за да остане во Реал, клубот во кој е од 2012 година.
„Модриќ веќе имаше многу сомнежи пред да го продолжи договорот. Имаше понуда од Саудиска Арабија, но сакаше да игра на врвно ниво уште една година. Сепак, не очекуваше дека ќе има споредна улога во тимот“, пишува „Спорт“ и додава:
„Јасно му е дека е време да си замине. Во Примера не одигра 90 минути на ниту еден од 13-те натпревари во кои учествуваше. Во Лигата на шампионите цел натпревар одигра само два пати. Реал веќе ја планира нова сезона без него“.
„Спорт“, наведува дека 38-годишниот Модриќ во наредните месеци ќе одлучи дали ќе прифати понуда од некој европски клуб или ќе замине на некоја егзотична дестинација. Тренерот Карло Анчелоти не сака да го пушти во јануарскиот преоден рок бидејќи има неколку повредени играчи.