Поранешниот прв голман на Јувентус, Војчех Шчесни повеќе нема да го носи црно-белиот дрес. Двете страни спогодбено се разделија.
Со доаѓањето на Тиаго Мота започнаа сериозни промени во Јувентус. Ваквото сценарио се најавуваше веќе некое време.
Матијас Перин почна да добива се повеќе шанси, а Ди Грегорио беше донесен од Монца Затоа немаше повеќе простор за Полјакот. И самиот реши да не го чека крајот на договорот следното лето, туку сега ќе се обиде да најде нов клуб.
Полскиот голман досега во кариерата бранеше за Арсенал, Брентфорд и Рома.