Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола нема да го продолжи договорот и би можел да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок. Неговиот менаџер Давиде Липи, потврди дека левиот бек „нема шанси“ да го продолжи договорот, кој истекува во јуни.
„Ќе видиме како ќе помине јануарскиот преоден рок. Во спротивно, тој ќе си замине кога ќе му истече договорот“, изјави Липи за „Спорт Италија“.
Спинацола го загуби местото во тимот на тренерот Жозе Мурињо, а се шпекулира дека овој месец би можел да се пресели во Галатасарај.
Сезонава одигра 16 натпревари во сите натпреварувања, но последните два првенствени натпревари против Наполи и Јувентус ги гледаше од клупата за резерви.
Поранешниот фудбалер на Јувентус се пресели во Рома во летото 2019 година.