Британскиот боксер Даниел Дубоа ја задржа светската титула во ИБФ.
Пред 96.000 луѓе на стадионот „Вембли“ во Лондон, Дубоа со нокаут во петтата рунда го победи сонародникот и голем фаворит Ентони Џошуа.
Дубоа ја контролираше целата борба и неколку пати го собори противникот, чија кариера британските медиуми ја прогласија практично за завршена по „најубедливиот пораз во кариерата“. Ова беше негов четврти пораз во 32 борби, додека Дубоа има 22 победи (21 со нокаут) и два порази.
DANIEL DUBOIS HAS KNOCKED OUT ANTHONY JOSHUA!!! WHAT A PERFORMANCE!#JoshuaDubois #Boxingpic.twitter.com/By8gbt42rT
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 21, 2024