Спанулис ќе биде нов селектор на Грција?

Спанулис-ќе-биде-нов-селектор-на-Грција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Грчката кошаркарска репрезентација наскоро ќе именува нов селектор кој ќе го наследи Димитрис Итудис.

Стратегот на Фенербахче по Мундобаскетот ја прекина соработката со грчката репрезентација бидејќи поради клупската сезона не може целосно да се посвети на претстојните предизвици на репрезентацијата. Во изјавата тој истакна дека не е во состојба студиозно да пристапи кон подготовката за квалификацискиот турнир што води до посакуваните Олимписки игри и ја препушта палката на друг човек.

Според најавите, тоа ќе биде Василис Спанулис. Иако е само на почетокот на својата тренерска кариера и добро си ја врши работата во Перистери, Спанулис ја прифати поканата и ќе потпише двегодишен договор.

Спанулис има доволно простор за скаутирање на потенцијални репрезентативци. Се наоѓа во Грција и дефинитивно е помобилна од Итудис. Дали е тоа вистинското решение – резултатите ќе покажат. Секако е изненадување, со оглед на неговото неискуство како тренер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK