Составена листата на играчи кои на лето заминуваат од Каталонија

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Барселона состави трансфер листа за летниот преоден рок. Според шпанските медиуми од актуелниот состав тројца сигурно ќе го напуштат клубот.

Прв на листата е дефанзивецот Андреас Кристенсен. Тој пристигна во летото 2022 година од Челзи, како слободен играч. Речиси е стандарден во тимот, но се чини дека Чави нема голема доверба во него. Вкупно, Данецот досега одигра 56 натпревари.

Втроито е Рафиња. Бразилецот заедно со Крстенсен дјде во Барселона, но за разлика од Данецот за него клубот плати оштета од 58 милиони евра.

За Барселона досега има одиграно 70 натпревари. Вкупно постигна 14 гола и забележа 19 асистенции.

Последен на листата е 32-годишниот Ориол Ромеу. Тој на почетокот на оваа сезона пристигна за околу три ипол милиони евра од Џирона. Нема да биде изненадување доколку Ромеу до крајот на зимскиот преоден рок ја напушти Барселона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK