Словенија ја доби драмата во Манила – Блескаше Дончиќ, Датоме ја заврши кариерата

Словенија-ја-доби-драмата-во-Манила-–-Блескаше-Дончиќ-Датоме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарската репрезентација на Словенија го заврши Мундобаскетот на седмото место. Словенците во борбата за пласман ја победија Италија со резултат 89:85. За Словенија ова е најдобриот пласман на СП.


Во многу неизвесен натпревар видовме голем пресврт на Италијанците и драма во последната минута во која Словенците извојуваа тесна победа иако во еден момент водеа и со 15 разлика.

Клучната тројка за Словенија ја постигна Јакоб Чебашек на 40 секунди до крајот на натпреварот.

Натпреварот мина во знакот на италијанскиот капитен, Луиџи Датоме кој го одигра последниот натпревар во кариерата.

Лука Дончиќ ја предводеше Словенија со 29 поени, 10 скока и осум асистенција. Кај Италија се истакнаа Марко Спису со 22 и Симоне Фонтекио со 16 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK