Домаќинот на Африканскиот куп (КАН), Брегот на Слоновата оска се уште има теоретски шанси да мине меѓу 16-те најдобри селекции на турнирот. И покрај тоа Фудбалскиот сојуз на оваа земја му врачи отказ на селекторот.
Брегот на Слоновата Коска го отвори турнирот со победа против Гвинеја Бисао (2:0), но тоа се покажа како единствениот натпревар на кој тимот постигна голови и освои бодови.
Следуваше пораз од Нигерија (1:0), а потоа катастрофа од Екваторијална Гвинеја, која победи со 4:0.
Цехот за лошите резултати го плати селекторот Жан-Луј Гасет.
Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата коска во средата објави дека ја прекинува соработката со францускиот стручњак поради „слабите резултати кои не се во согласност со неговите договорни обврски“.
Емерсе Фае беше назначен за в.д.
Брегот на Слоновата коска се уште има шанса да се пласира во нок-аут фазата, доколку остане меѓу четирите најдобри третопласирани селекции.
Во таа група репрезентации моментно најдобра е Гвинеја со четири бода, а потоа следат Мавританија и Брегот на Слоновата коска, па Намибија и Замбија, кои во среда ги играат натпреварите од третото коло. Пред дуелот со Мали, Намибија има три бода, Замбија ќе игра против Мароко и има два.