Скариоло ќе добие нов договор

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Серџо Скариоло и шпанската кошаркарска репрезентација ја имаат една од најуспешните и најдолги соработки во историјата на спортот. Според информациите на „АС“, сработката ќе трае уште најмалку четири години, откако италијанскиот стратег и челниците на Шпанската кошаркарска асоцијација се договориле за продолжување на соработката.


Во својот прв мандат, Скариоло и донесе сребро на Шпанија на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, додека во вториот, кој започна во 2015 година, ја направи Шпанија светска кошаркарска сила. Освоен е Мундобаскет 2019 во Кина, трето место на Олимписките игри во Рио 2016 година, а на Европските шампионати освои четири златни и еден бронзен медал.

Успешната серија на освојување медали на Скариоло ќе се обиде да продолжи и на претстојните Олимписки игри во Париз, но прво ќе треба да обезбеди виза за учество на најголемиот спортски настан.

Противниците како Либан и Ангола, односно Бахамите, Полска и Финска, не треба да бидат проблем за „Црвената фурија“.

Единствена пречка за останување на Скариоло на шпанската клупа би можела да биде промената на претседателот на Федерацијата, односно заминувањето на Елиса Агилар од таа функција, што е малку веројатно бидејќи „АС“ пишува дека таа најверојатно ќе биде единствениот кандидат во претседателски избори на 20 мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK