Еден од највлијателните спортски медиуми во Англија и Европа, Скај спорт, ја состави најлесната и најтешката група „Гордиот Албион“, на ЕУРО 2024.
Според овој извор три репрезентации од Балканот, би им биле најлесни противници на Англичаните. Скај спорт, посакува група со Албанија, Словенија и Србија.
Од друга страна, најтежка група за Англија би била онаа со Данска, Холандија и Хрватска.
Секако, Хрватите, вечерва ќе мора да изборат пласман на завршниот турнир од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Ждрепката за ЕУРО 2024 е закажана за 2 декември во Хамбург.