Сити – Челзи, Јунајтед – Ковентри во полуфиналето на ФА Купот

12103967.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ждрепката им го отвори патот до финалето во ФА купот на фудбалерите на Манчестер јунајтед.


Во неделата, во драматичен меч, по продолженијата, Јунајтед славеа над Ливерпул со 4:3.

„Црвените ѓаволи“, за противник во полуфиналето го добија Ковентри, членот на Чемпионшип дивизијата, Во второто полуфинале, бранителот на титулата Манчестер сити ќе игра против Челзи.

Натпреварите ќе се играат на 20 и 21 април на „Вембли“ во Лондон.

Сити ќе игра за осмиот трофеј во ФА Купот, а оваа сезона успехот од претходната кога ја освои тројната круна.

Ковентри нема играно во полуфиналето на ФА Купот откако го освои трофејот во 1987 година, единствениот голем трофеј во историјата на клубот.

Манчестер јунајтед 12 пати го освоил трофејот во ФА Купот, последен пат во 2016 година. Минатата сезона Јунајтед беше финалист.

Челзи играше пет пати во последните седум финалиња на ФА Купот. Досега има освоено осум трофеи, последен пат во 2018 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK