Јаник Синер и Александар Зверев изборија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Синер ја забележа 15. победа од почетокот на сезоната, а Зверев со победата во осминафиналето се врати во Топ 5 на АТП листата.
Синер со 7:6 (4), 6:1 го победи домашниот тенисер Бен Шелтон. Мечот траеше 100 минути.
Во следното коло Синер ќе игра против најпријатното изненадување на турнирот Јиржи Лехечка. Чехот од турнирот ги елиминираше Андреј Рубљов и Стефанос Циципас.
До четвртфиналето стигна и Александар Зверев. Германецот беше подобар од Австралиецот Алекс Де Минор со 5:7, 6:2, 6:3.
Следен противник на тенисерот од Хамбург ќе биде Карлос Алкараз, играчот кого Зверев го совлада во четвртфиналето на првиот Грен слем сезонава во Мелбурн. Овојпат Алкараз ќе има можеби уште посилен мотив бидејќи ја брани титулата во Калифорнија.
За Зверев е многу важно и што со оваа победа го прескокна Рубљов и од понеделник повторно ќе биде во Топ 5 на АТП листата.